Пентагон загрижен дека САД можат да ја изгубат високата технолошка воена супериорност

Од:

Раша тудеј – Москва

Американскиот Пентагон изрази голема загриженост околу фактот дека со ова темпо САД во скора иднина можат да ја изгубат технолошката воена супериорност над речиси сите свои ривали, посебно над Кина и Русија, па ги повика членките на НАТО да почнат со развој на иновативно оружје.

– Многу сум загрижен во поглед на зголемениот ризик од губење на технолошката супериорност на САД, рече купувачот на оружје во Пентагон, Френк Кендал на сослушувањето пред Конгресната комисија за вооружување. – Се наоѓаме во состојба на ризик, а состојбата не се подобрува, предупреди тој.

Неговата загриженост лежи во зголемените инвестиции во дизајнот на оружјето од страна на Русија и Кина. Забележал и дека развојот на носачите на авиони и сателитската технологија од страна на Русија и Кина ги погодуваат клучните американски воени способности.

Потсекретарот за одбрана на САД, Роберт Ворк, ги повика НАТО сојузниците на развој на ново иновативно оружје. Додаде и дека треба „храбра иницијатива“ во развојот на оружјето, за да се остане пред Русија и Кина, но и пред другите земји.

– Мора да се координираме и да соработуваме за да избегнеме удвојување и да ги туркаме нашите институции кон технолошки, експериментални и концептуални иновации, рече Ворк. – Членките на НАТО мора да го исполнат ветувањето од пред две години дека ќе потрошат два отсто од БДП за одбраната, додаде Ворк.

Клучно е и развивањето на соработката со сојузниците во НАТО и со азиските земји, која би се концентрирала околу планирањето на мисии и инвестиции во програми за развој на ова оружје. Широка соработка со сојузниците е дел од новиот план на САД т.н. Одбрамбено иновациска иницијатива (ДИИ), на која целта е да се обезбеди американска воено технолошка предност над потенцијалните непријатели.

Водечките американски производители на оружје, „Боинг“ и „Локид Мартин“, го повикаа Пентагон за одобрување на инвестиции за развој на нови технологии. Како одговор на тие барања, Пентагон ја подготви ДИИ програмата, која во декември 2014 година му ја претстави на американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

– Со програмата ќе се постават ресурси за иновациите, рече Хејгел на државната одбранбена конференција. Досега не е објавено со колкав буџет ќе располага Иницијативата.

Потсекретарот Роберт Ворк е именуван да раководење со планот ДИИ, но ни тој не откри со колкава сума ќе располага, само истакна дека износот ќе биде голем и насочен кон различни спектри на воената технологија, од нуклеарната, ракетно одбранбената, кибер војувањето, развој на беспилотни летала, па се до високотехнолошки ласери.

Наведено е и дека голем број од технолошките иновации, како роботиката, ќе бидат овозможени од страна на приватни компании од различни региони.

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски