Пентагон размислува за повлекување на илјадници војници: Европа е загрижена за плановите на Вашингтон

Од:

Пентагон го разгледува предлогот за повлекување на најмалку 10.000 војници од Источна Европа, што доведува до зголемена загриженост на двата континента (Америка и Европа) дека тоа би можело да го охрабри рускиот претседател Владимир Путин.

Ова го изјавија шестмина американски и европски претставници кои се запознаени со ситуацијата, пренесе NBC News.

Единиците што се разгледуваат за повлекување припаѓаат на контингент од 20.000 војници што администрацијата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден ги распореди во 2022 година за да ги зајакне земјите кои граничат со Украина, откако Русија започна инвазија на земјата.

Се уште се разгледува точниот број на војници што треба да се повлечат, но според предлогот тој треба да биде половина од оние што Бајден ги испрати во регионот.

Внатрешните дискусии за намалување на бројот на американски војници во Романија и Полска доаѓаат додека претседателот Доналд Трамп се обидува да го убеди Путин да се согласи на прекин на огнот.

Шест официјални лица од САД и Европа, кои побараа анонимност, опишаа повеќе детали за предлогот. Доколку Пентагон го усвои овој предлог, тоа ќе ги зајакне стравувањата дека САД ги напуштаат своите долгорочни сојузници во Европа, кои ја гледаат Русија како растечка закана.

„Руските власти би го сметале намалувањето на американските трупи како слабеење на одвраќањето, што би ја зголемило нивната подготвеност да се мешаат на различни начини низ Европа“, рече Сет Џонс, виш потпретседател во Центарот за стратешки и меѓународни студии.

Администрацијата на Трамп јасно стави до знаење дека сака европските сојузници да преземат поголема одговорност за сопствената одбрана, што ќе им овозможи на САД да ги фокусираат своите воени ресурси на Кина.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна