Пентагон ќе префрли десетици затвореници од Гвантанамо во други земји

Од:

Пентагон планира да префрли десетина затвореници од воениот затвор во Гвантанамо во најмалку две земји што се согласиле да ги прифатат, информира неименуван американски претставник, цитиран од британските медиуми.

Како што пренесува БТА, ова е последниот потег на претседателот Барак Обама, кој вложува големи напори на крајот од својот мандат да стави клуч на врата на затворот во американската военопоморска база на територијата на Куба.

Првиот трансфер на затвореници се очекува веќе во следните неколку дена, а за останатите по неколку недели, изјави американскиот претставник, кој побара анонимност.

Меѓу затворениците кои ќе се преместат во други затвори ќе биде и Јеменецот Тарик Ба Одах, кој веќе долго време штрајкува со глад и досега загубил околу половина од својата тежина.

Во моментов во Гвантанамо се останати 91 затворник. Повеќето од нив над една деценија во затворот се држат без обвинение или судска одлука, што предизвика масовни меѓународни критики против САД.

Минатиот месец Обама во Конгресот го претстави планот за затворање на затворот во стремежот да го исполни своето старо ветување, пред да ја напушти функцијата, во јануари следната година. Планот, меѓутоа, наиде на силен отпор од многу републикански конгресмени, како и од некои негови сопартијци демократи.

Од сегашните затвореници во Гвантанамо 37 веќе се подготвени за префрлање во нивните или во други земји, соопшти анонимниот американски службеник.

Се очекува до лето сите членови на оваа група да го напуштат затворот во Гвантанамо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски