Пентагон ја обвини Русија за префрлање платеници и воена техника во Либија

Од:

Африканската командa на Вооружените сили на САД синоќа на Твитер објави сателитски снимки од линијата на фронтот од конфликтот во Либија, на кои се гледа руска техника, наводно префрлена од Москва за снабдување на платениците од приватната воена група „Вагнер“.

-Русија продолжува да игра неконструктивна улога во Либија со снабдување материјали и опрема за групата Вагнер, се вели во соопштението на Бредфорд Геринг, генерал-мајор на Бригадата на маринците во Африка

На снимките се покажани оклопни возила од типот „Тигар“, зенитни-ракетниот комплекс „Панцир-С1“, воено-транспортни авиони Ил-76 и бомбардерите Су-24.

Во соопштение на сајтот на Пентагон, Геринг изјави дека Русија продолжува да ја нарушува резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 1970 года, активно снабдувајќи воена техника и ловци во првите борбени линии од конфликтот во Либија.

-Типот и количината на опрема ја демонстрираат немерата да се користат можности за водење офанзивни боеви дејствија, а не хуманитарна помош и посочуваат дека оваа операција е поддржана од руското Министерство за одбрана, изјави тој.

Пентагон во јуни ја обвини Русија за вмешаност во внатрешните работи на Либија, поради наводно префрлање руска воена техника и платеници. МНР на Русија посочува дека информацијата за присуство на Вагнер во Либија е засована на фабрикувани податоци.

Во земјата веќе неколку години постои борба за власт меѓу две основни сили, Владата на национална согласност во Триполи предводена од Фаиз Сараџ и Либиска национална армија командувана од Халиф Хафтар.

Минатата година во април силите на Хафтар започнаа офанзива на Триполи, но сепак не можеа да го стават градот под своја контрола. Од лани в декамври, склучена врз основа на официјален договор со Триполи, поддршка за регуларната Влада дава Турција. Додека во поддршка на Хафтар се ставија такви земји како Русија, Египет и ОАЕ.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски