Пентагон го обвини Иран за провокации во Персиски Залив

Од:

Американската воена морнарица денеска соопшти дека флотила на Револуционерната гарда на Иран „опасно провоцирала“ во меѓународните води на Персиски Залив.

Во соопштението на Пентагон се наведува дека 11 ирански воени бродови опасно се приближиле до конвојот од шест американски патролни бродови на морнаричката крајбрежна стража.

Американските бродови учествувале во воена вежба на здружен напад со ескадрила на хеликоптери од типот Апачи.

Инцидентот се случи еден ден откако група вооружени луѓе, за кои САД смета дека се припадници на иранската Револуционерна гарда, во водите на Омански Залив запленија танкер, што пловеше под знаме на Хонг Конг. Танкерот бил пренасочен кон иранските територијални води, а потоа беше ослободен.

Официјален Техеран се уште не се има огласено за инцидентите.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија