Пентагон формира работна група за анализа на појави на НЛО

Од:

Министерството за одбрана на САД одлучи да формира работна група за испитување на појава на неидентификувани летачки објекти (НЛО), се вели во соопштението на Пентагон.

Целта е да се подобрат перцепциите за тој проблем и  за природата и потеклото на НЛО. Мисијата на работната група е да ги откријат, анализираат оние НЛО што можат потенцијално да претставуваат закана за националната безбедност на САД, се вели во документот.

Телевизијата Си-Ен-Ен, повикувајќи се на официјални претставници на министерството, објави дека Пентагон е во процес на формирање таква работна група, при што проектот го предводи првиот заменик секретар за одбрана Дејвид Норкист.

Во јуни, Доналд Трамп вети дека ќе размисли за отстранување на тајноста од материјалите за НЛО и особено за т.н. „Инцидент од Розвел“ што се случи на 4 јули 1947 година.

На крајот на април годинава Пентагон објави видеа од морнарицата на САД, кои според извештаите на медиумите се снимени „воздушни феномени“ што се карактеризираат како неидентификувани. Тие  снимки направени се од американски воени авиони во ноември 2004 и јануари 2015 година.

Одамна се криени од министерството, иако нивната автентичност подоцна беше потврдена од морнарицата на САД. Кон крајот на 2017 година, се дозна дека Пентагон има тајна програма за собирање и анализа на податоци за „воздушно-вселенски закани“, за што биле потрошени десетици милиони долари. Првично, таа програма била во одделот за разузнавање на Министерството.

Би можело да ве интересира

Фаучи: Светот ќе се врати во нормала до крајот на следната година

А1он

Тајм: Фаучи во списокот на 100 највлијателни луѓе за 2020 година

Ана Ололовска

Американскиот долг во 2050 година е проектиран на 195 отсто од БДП-то

Ана Ололовска

„Инцидент“ со авионот на Пенс

Ана Ололовска

Гутереш го повика светот да спречи Студена војна меѓу САД и Кина

А1он

(ВИДЕО) Гренел: Договорот што го потпишаа Србија и Косово ќе отвори нови работни места во регионот

Горјан Грнчаровски