Пелоси: Време е да ги залечиме раните и заедно да пораснеме

Од:

Претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси ја поздрави проектираната победа на демократите Џо Бајден и Камала Харис.

„Денеска се одбележува зората на новиот ден на надеж за Америка. Рекордни 75 милиони Американци гласаа за да го изберат Џо Бајден за претседател на САД – историска победа што им дава на демократите мандатот за акција“, се вели во изјавата на Пелоси.

Пелоси исто така реагираше на Твитер, велејќи дека „време е за заздравување“.

„Ја сочувавме републиката! Честитки за Џо Бајден за победата за душата на нашата земја. Честитки за Камала Харис за историјата. Време е да ги залечиме раните и време да растеме заедно. E Pluribus Unum“ (од многу – едно).

Би можело да ве интересира

Трамп им го забрани пристапот до доверливи информации на Бајден, Харис и Хилари Клинтон

Трамп: Расипаниот Бајден не доведе во вистински хаос со Русија

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев