Пелоси ќе ги испрати предметите за импичмент на Трамп до Сенатот

Од:

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси начелно планира утре да ги предаде во Сенатот предметите за импичмент на претседателот Доналд Трамп, а демократите во Конгресот моментално спроведуваат консултации за стратегијата и роковите.

Претставничкиот дом ги изгласа двата предмета за отповикувањето на Трамп уште во декември, што досега се уште не се предадени на Сенатот.

По завршувањето на консултациите се очекува Конгресот, најверојатно утре, да гласа за именување на менаџерите на импичментот – тоа се законодавци кои ќе ги претставуваат аргументите на Претставничкиот дом во текот на судењето во Сенатот.

Републиканците пак, сакаат брзо судење без многу сведоци и повикуваат претседателот да биде ослободен од обвинувањата.

Стени Хојер, лидер на демократското мнозинство во Претставничкиот дом, смета дека резолуцијата за одобрување на трансфер на предметот е од импичментот и наведување на менаџерите за отповикувањето треба да биде објавена до крајот на неделава.

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп