Пелегрини испрати критики до Православната црква поради непридржување на мерките за заштита од коронавирусот

Од:

Словачкиот премиер, Петер Пелегрини изјави дека ставот на Православната црква во земјата е неодговорен и некоректен.

Пелегрини ова го изјави по повод одлуката на Православната црква да не ја почитува наредбата на централниот кризен штаб за забрана за организирање јавни настани, вклучувајќи ги и црковните богослужби, пренесоа словачките медиуми.

„Изненаден сум и разочаран со ваквиот став, црквата треба да му помага на народот, а не да го загрозува јавното здравје заради себичното придржување кон традицијата“, рече Пелегрини, коментирајќи го тоа што Православната црква сака да продолжи со извршување на верските обреди.

Тој кажа дека уште еднаш ќе ја повика Православната црква да го ревидира и измени својот став и го истакна фактот дека државата на коронавирусот гледа како на закана по здравјето.

„Доколку не ги почитуваат прописите и продолжат тврдоглаво да го промовираат својот став, јас ќе бидам првиот кој ќе поведе постапка за санкции против нив“, рече Пелегрини.

Словачката православна црква во вторникот одлучи да продолжи да одржува верски служби, кои вклучуваат и бакнување икони и причест што подразбира пиење вино од иста чаша, со образложението дека е потребно да се обезбедат духовните и материјални потреби, како и дека тие не сметаат дека верските обреди се ризични.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти