Пеле му пиша на Путин: Нема оправдување за насилството

Од:

Бразилската фудбалска легенда Пеле јавно го повика рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната во Украина.

„Запрете ја инвазијата. Нема оправдување за продолжување на насилството“, вели Пеле во писмото објавено на Инстаграм.

„Кога се сретнавме во минатото и разменивме насмевки со долго ракување, не можев да замислам дека еден ден ќе бидеме разделени како што сме сега. Моќта да се стави крај на овој конфликт е во ваши раце. Истите раце со кои се ракував во Москва кога последен пат се сретнавме во 2017 година“, напиша Пеле.

Би можело да ве интересира

Трамп: Добро се согласувам со Путин

Баро: Путин сака да избегне мир

Путин ги кажа условите за крај на војната во Украина: Москва одговори на заканите за санкции на Трамп

„Нема да не спречат да ја постигнеме нашата цел во Украина“: Русија одговори на заканите од Трамп со санкции

Трамп: Верувам дека Путин сака мир

Трамп и се закани на Русија