Пекинг предупреди дека агитирањето за независен Хонг Конг ќе се казнува

Од:

Официјален Пекинг предупреди денеска дека секое агитирање за независност на Хонг Конг ќе се казнува.

Предупредувањето доаѓа откако шестмина млади продемократски активисти, меѓу кои и еден од водачите на „Протестите на чадорите“ од 2014 година, беа избрани во Законодавниот совет на Хонг Конг.

Кинеската канцеларија за Хонг Конг и Макао, предупреди дека ќе има казнување за сите кои ќе агитираат за независност, а во соопштението преку кинеската државна агенција Хсинхуа, се вели дека Пекинг целосно ја подржува владата на специјалниот административен регион (Хонг Конг) да определува казни според законот.

Локалното издание на пекиншкиот весник „Чајна Дејли“ забележа дека изборите за Советот ќе водат кон пораст на сепаратистичките идеи, што ги покренаа во текот на протестите, продемократските сили.
На овие избори, први по протестите од пред две години, гласаа рекорден број од 2,2 милиони гласачи, што се смета како знак за нездоволство од политиката на Пекинг кон поголема политичка поларизација.
Законодавниот совет има 70 членови, а продемократските сили обезбедија најмалку 27 места, што им овозможува да стават вето и да блокираат секоја мерка за која сметаат дека е недемократска и конзервативна.

Многумина во Хонг Конг се загрижени за интервенцииите на Кина во хонгконшката политика.
Неколку кандидати за членови на Советот беа оневозможени да се кандидираат затоа што „не успеале да докажат“ дека нема повеќе да поддржуваат независност на Хонг Конг.

По повлекувањето на Велика Британија и договорот што го потпишаа Лондон и Пекинг, во 1997 година, некогашната британска колонија доби посебен статус, со висок степен на автономија и со одржување на посебен економски и социјален систем.

Кина се согласи на таков договор врз основа на својата политика „една држава – два система“.
Договорот за Хонг Конг важи до 2047 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се распадна воз во метрото во Пекинг, повеќе од 100 луѓе имаат скршеници

(ВИДЕО) Најмалку 20 луѓе загинаа во пожар во болница, пациенти скокаа од прозорци: Шокантни сцени од Пекинг

Катерина Ѓуровски

Тајван: Кинески борбени авиони сè уште го опкружуваат островот, и покрај завршувањето на воените вежби

Ана Ололовска

Пекинг се закани дека ќе возврати на ковид-ограничувањата за патниците од Кина

А1он

ВИДЕО: Верижен судир на повеќе од 200 возила во Кина поради густа магла

А1он

Пекинг воведува негативен тест за коронавирус за пристап до сите јавни места

А1он