ВИДЕО: Се распадна воз во метрото во Пекинг, повеќе од 100 луѓе имаат скршеници

Од:

Во несреќа за време на шпицот во метрото во Пекинг, најмалку 102 лица се здобија со скршеници на коските. Несреќата се случила вчера вечерта на надземниот дел од пругата, а била предизвикан од временски услови и снегот. Кинеската престолнина, каде што ваквите инциденти се ретки, изминатите денови беше погодена од снежно невреме, што влијаеше на сообраќајните услови и резултираше со доцнење на транспортот низ градот.

Несреќата се случила нешто пред 19 часот, кога последните два вагони на метрото се одвоиле, соопштија властите. До околу 23 часот, „вкупно 515 лица се испратени во болница на преглед, од кои 102 лица се здобиле со скршеници“, објави во петокот државната телевизија ЦЦТВ.

До денеска во 6 часот, 423 лица се отпуштени од болница, соопшти ЦЦТВ, додавајќи дека 67 други се уште се на лекување, додека 25 лица се под опсервација. Нема пријавени смртни случаи, објавија државните медиуми.

Прелиминарната истрага за инцидентот покажа дека снежното време предизвикало лизгави патеки и „деградација на сигналот“, што резултирало со несреќата, се вели во извештајот. Корисниците на социјалните мрежи објавија дека виделе патници како паѓаат на земја, а некои се жалеле на болки во грбот.

„Искрено се извинуваме за несреќата што се случи вечерва“, рече на Веибо, операторот на возот во Пекинг. „Патниците кои за време на евакуацијата го напуштиле објектот без придружба и кои не се чувствуваат добро можат да не контактираат во секое време. Ќе ги преземеме трошоците за нега“, додаваат оттаму.

Би можело да ве интересира

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина