Пекинг е задоволен од говорот на рускиот лидер: Го цениме ставот на Путин дека Тајван е дел од Кина

Од:

Пекинг ја поздравува позицијата на рускиот претседател Владимир Путин за Тајван, изјави Ванг Венбин, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

– Високо ја цениме позицијата на претседателот Путин – рече Ванг, запрашан за коментар за ставот на Путин на пленарната седница на рускиот клуб „Валдаи“ во четвртокот, кога рече дека Москва го смета Тајван за составен дел на Кина, пренесе ТАС С.

Според Ванг, принципот „една Кина“ е нешто околу кое постои консензус во меѓународната заедница и ги претставува основните принципи на меѓународните односи.

На состанокот на клубот Валдаи во четвртокот, Путин рече дека Русија ги смета неодамнешните посети на американските политичари на Тајпеј како провокации.

Меѓу американските политичари кои неодамна го посетија Тајпеј е и претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Би можело да ве интересира

Порака на Трамп до Русија: „Ако не се договориме, ќе воведам санкции“

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

ВИДЕО: Путин и Си Џинпинг разговараа неколку часа по инагурацијата на Трамп

Катерина Ѓуровски

Трамп ќе му каже на Путин да ја прекине војната, ако одбие, имаме план – открива неговиот тим

Катерина Ѓуровски