Паскал Сорио: Работиме на вакцина против Ковид-19 која ќе чини 2,50 евра

Од:

Фармацевтската компанија „АстраЗенека“ планира до крајот на годинава да пласира на пазарот вакцина против новиот коронавирус, која ќе чини 2,50 евра, најави претседателот на компанијата Паскал Сорио.

Тој истакна дека целта на компанијата е вакцината да биде достапна за сите луѓе.

„АстраЗенека“ се надева дека вакцината ќе биде произведена до крајот на годинава, а според Сорио, можеби и порано доколку се оди според планот.

Неодамна е објавено дека вакцината на „АстраЗенека“ во првите две фази од тестирањето се покажала добра и овозможува создавање антитела, како и имунизација против Ковид-19.

Резултатот од третата фаза од тестирањето се очекува наесен и доколку биде успешна вакцината ќе може масовно да се произведува и пласира на пазарот.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано