Парли: ИД не е избришана од картата

Од:

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) не е избришана од каратата, оцени денеска француската министерка за одбрана Флоранс Парли, по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на сили на САД од Сирија.

Како што јави дописникот на МИА, Парли нагласи дека ИД е ослабена како никогаш досега и дека преминала во илегала.

– ИД изгуби повеќе од 90 отсто од својата територија. ИД ја нема логистиката како порано. Но, ИД не е избришана од картата, ниту нејзините корени, оцени Парли во пораката објавена на Твитер.

Според неа, на ИД треба да и се нанесе конечен воен пораз и да се уништат „последните „џебови под контрола на терористичката организација“.

Трамп вчера прогласи победа над ИД во Сирија, потенцирајќи дека тоа било единствената цел на американските сили стационирани во земјата.

Белата куќа, при тоа најави повлекување на американските сили од Сирија, каде во моментов се наоѓаат околу 2.000 припадници на Армијата на САД.

Франција, исто така, има припадници на своите Вооружени сили во Сирија, кои примарно им помагаат на силите на сириските Курди во борбата против џихадистите.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски