Парламентот на Таџикистан го разгледува предлогот со кој на претседателот на државата Емомали Рахмон ќе му биде дозволено да се кандидира за неограничен број претседателски мандати.
Предлогот е поднесен од Владата до Парламентот, кој е контролиран од приврзаниците на Рахмон. Предлогот се состои од пакет уставни измени, кои треба да бидат одобрени на референдум.
Една од промените е да се укине законот за ограничување на два последователни претседателски мандати, додека другата измена е да се намали минималната возраст на претседателските кандидати од 35 на 30 години.
Најмладиот син на претседателот на Таџикистан, Емомали Рустам е 28 години, а кон крајот на мандатот на неговиот татко во 2020 година, тој ќе има 33 години.
Емомали (63) е на власт од 23 возраст и ја консилидаризира власта. Главната опозициска партија Исламска преродба не успеа да влезе во Парламентот по изборите во март и беше забранета од Владата на Емомали.
Со претходните уставни промени на Емомали му беше дозволено четвртипат да се кандидра за претседател.