Во Јужна Кореја денеска се одржуваат избори на кои 42 милиони лица со право на глас го бираат новиот Парламент, јави ДПА.
Владејачката конзервативна партија „Сенури“ е фаворит за победа на изборите и покрај застојот во економија на земјата, па дури се очекува таа да го зголеми своето апсолутно мнозинство во 300-члениот Парламент, покажуваат најновите социолошки истражувања.
Најголемата опозициска сила, Демократската партија „Заедно“, веројатно ќе загуби дел од своите места во законодавниот дом, а новоформираната либерална Народна партија се очекува да заврши како трета, со прогнозирани 20 пратенички мандати.
Парламентарните избори, што се организираат еднаш на четири години, се сметаат за важен тест на политичката ситуација во четвртата најголема економија во Азија, пред претседателските избори закажани за крајот на 2017 година.