Во Виетнам денеска се одржуваат избори за нов состав на Парламентот, при што 870 кандидати ќе се борат за 500 места во законодавниото тело, јави ДПА.
На нив можат да учествуваат само членови на Комунистичка партија на Виетнам и неколку одобрени независни кандидати.
Членовите на партијата во Парламентот во голема мера ја надминуваат бројката на независни кандидати, при што во сегашниот состав тој сооднос е 458 пратеници комунисти наспроти 42 независни.
Повеќето независни кандидати се избрани од институции, под контрола на државата, а има и неколку кои самите се кандидирале, собирајќи поддршка во општините и добивајќи благослов од лица поврзани со Виетнамски татковински фронт, кој ја има поддршката на комунистите.
Во предизборната кампања оваа година беа дозволени само 11 од првично 161 лица, кои самите се кандидираа, што е најниска бројка од 1997 година.
Се очекува гласот да го дадат 69 милиони од 95 милионското население на земјата.
Објавувањето на резултатите е планирано за 11 јуни, а новиот парламент со мандат до 2021 година ќе ја одржи првата седница во јули.