Парламентарни избори во Либија

Од:

Во Либија денеска 1,5 милиони луѓе ќе гласаат за 1.628 кандидати на парламентарните избори. Гласачките места, 1.601, ќе бидат отворени од осум до 20 часот.

Либиските власти одлучија да се одржат изборите за 200 членови на Претставничкиот дом на Националниот конгрес и покрај ескалацијата на насилството, пред се во источните делови на земјата, каде веќе еден месец се водат жестоки борби меѓу  исламистички групи и паравоените сили лојални на одметнатиот генерал Халифа Хафта.

Постои опасност гласањето да биде прекинато или воопшто да не се одржи во некои избирачки места во источните делови на земјата, кои важат за упоришта на радикалните исламистички групи.

Прелиминарните резултати од изборите треба да бидат објавени на 27 јули, а конечните најдоцна до средината на идниот месец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски