На Малдивите денеска се одржуваат парламентарни избори, а главни учесници во трката се Демократската партија на Малдиви, предводена од поранешниот претседател Мохамед Нашид и опозициската коалиција предводена од поранешниот претседател Абдула Јамин.
Гласањето се одржува на 493 локации на Малдивите и во четири други земји со над 264.000 лица кои имаат право да изберат 87 пратеници во Парламентот.
Првичните резултати се очекуваат утре, но официјалните резултати се очекуваат на 12 април, откако ќе се добијат сите гласачки ливчиња од странство.