Парк Геун-хе уште еднаш им се извини на Јужнокорејците

Од:

Поранешната претседателка на Јужна Кореја, Парк Геун-хе повторно денеска упати извинување до своите сонародници пред сослушувањето во Обвинителството за корупцискиот скандал, поради кој ја напушти претседателската функција.

– Им се извинувам на граѓаните. Искрено ќе учествувам во истрагата, изјави Парк по доаѓањето во канцеларијата на Обвинителството во Сеул каде почна сослушување.

Според западни медиуми не е јасно дали таа изјава значи и признавање на обвиненијата за корупција со оглед дека таа секогаш досега негираше прекршување закони.

Парк е прва претседателка во државата избрана на демократски начин, која е отповикана од функцијата.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски