Париз „врие“ поради пензиската реформа-полицијата уапси 234 лица

Од:

По синоќешните демонстрации во Париз против реформата на пензискиот систем, уапсени се 234 лица.

Синоќа на улиците на Париз биле распоредени 2.000 полицајци, а за време на немирите биле повредени 11 полицајци и жандарми, јавува порталот на француската телевизија BFMTV.

Пожарникарите во Париз гаснеа 240 запалени купишта ѓубре, кои останаа на улиците на француската престолнина поради штрајкот на комуналните работници.

Синоќа полицијата употреби солзавец врз демонстрантите во Париз кои се собраа веднаш по изгласувањето недоверба на француската влада во парламентот, пренесе Ројтерс.

Синдикатите и опозициските партии најавија дека ќе ги интензивираат протестите во обид да ја спречат реформата на пензискиот систем.

Протестите се насочени против усвоената реформа на пензискиот систем со која се предвидува покачување на минималната старосна граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Обидот за гласање недоверба на француската влада вчера го поддржаа 278 пратеници, само девет помалку од потребниот број од 287 за успешно гласање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Горан Наумовски