ВИДЕО: Судири меѓу полицијата и демонстранти во Париз на Денот на Бастилја

Од:

Маршот организиран на повик на здравствените синдикати, поддржан од протестното движење „жолти елеци,“ доведе денеска до судири меѓу демонстрантите и полицијата, јави дописникот на МИА.

Неколку илјади луѓе демонстрираа на денот на националниот празник на Франција – Денот на Бастилја, на повик на неколку синдикални организации, вклучувајќи ги ЦЖТ и Солидер, како и меѓу болничкиот колектив, кои бараат повеќе ресурси за болниците. Кога демонстрантите се движеле кон познатиот плоштад, избувнале првите тензии.

Меѓу демонстрантите, некои дојдоа од собирот организиран од „жолтите елеци“ пред Генералниот полициски инспекторат (ИГПН – полиција на полицијата) за да го осудат полициското насилство, во присуство на некои од личностите на движењето повредени за време на демонстрациите. На демонстрациите беа присутни генералниот секретар на ЦЖТ, Филип Мартинез, пејачот Франсис Лалан и пратеникот на Непокорна Франција Ерик Кокерел.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано