Парискиот договор за климатски промени потпишан од 60 држави

Од:

Триесет и една држава денеска официјално се приклучија на Парискиот договор за климатски промени, со што бројот на земји што го ратификувале договорот се искачи на 60.

Со тоа е надминат прагот од 55 држави, неопходен за Договорот да стапи во сила. Но, земјите потписнички се само 47,5 проценти од светските емисии за неопходниот праг од 55 проценти. 

– Еден праг поминавме. Ни требаат уште 7,5 проценти, изјави генералниот секретар на Обединети нациим Бан Ки-мун по завршувањето на специјалната церемонија во централата на ОН.

Американскиот државен секретар Џон Кери изрази увереност дека 55 проценти ќе бидат постигнати пред следната конференција на ОН за климата, што ќе се одржи на 7. ноември во Маракеш, Мароко.
Тој ги повика луѓето од целиот свет да „станат војници за планетата“.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

A1on

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска