Папите Јован Дваесет и трети и Јован Павле Втори ќе бидат прогласени за светци

Од:

Рим е подготвен да дочека три милиони верници и туристи денеска по повод канонизацијата на папите Јован Дваесет и трети и на Јован Павле Втори.

– Подготвени сме да дочекаме околу три милиони туристи и верници во втората половина на април, изјави градоначалникот на Рим, Ињацио Марино и додаде дека тоа ќе биде „планетарно случување“.

Во Рим вчера и денеска јавниот превоз е зајакнат со дополителни автобуси, а две линии на метрото работат без прекин. На киосците и автобусите се закачени фотографиите на папите, идните светци.

Вкупно 19 видео бимови се поставени во градот, на кои церемонијата ќе може да се следи на неколку јазици: италијански, полски, шпански, француски и арапски.

Марино изјави дека само од Полска се очекуваат 1.700 автобуси, 58 чартер летови и пет специјани возови.

Распоредени се дополнително 2.400 припадници на специјалните полициски единици, бидејќи градските власти очекуваат дека е можно да има кражби.

Неколку илјади волонтери ќе им делат беплатни шишиња вода на туристите и верниците. На улиците на Рим ќе има и неколку стотици лекари од брзата помош.

Папите Јован Павле Втори (Карол Војтила) и Јован Дваесет и трети (Анџело Џузепе Ронкали) беа на чело на Римокатоличката црква меѓу 1978 и 2005, односно 1962 и 1965 година.

Јован Павле Втори, прв полски папа, кој уживаше голема популарност во целиот свет, ќе биде прогласен за светец во рекордно време, само девет години по смртта.

Ватиканската конгрегација задолжена за преиспитување на кандидатите за светци лани го призна второто чудо на Јован Павле Втори.

За да некој биде прогласен за светец, мора да има две „потврдени“ чуда, од кои првото е неопходно за беатификација, а таа пречка полскиот папа ја „совлада“ само шест месеци по смртта во 2005 година. Тоа беше исцелување на француската калуѓерка Мари Симон-Пјер, чие заздравување од Паркинсонова болест откако се молела за „интервенција“ на покојниот Јован Павле Втори, нема медицинско објаснување. Второто чудо, наводно се случило на самиот ден на неговата беатификација на раскошната церемонија одржана на 1 мај 2011 на плоштадот Свети Петар – тоа било исцелување на една жена од Костарика.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше