Папата пристигна во Ирска, закажани и протести

Од:

Папата Франциско пристигна денеска во Ирска, која во последните неколку години беше погодена од многу скандали на свештенството, а ирската Католичка црква се наоѓа во многу тешка криза.

Ова е прва посета на папа на Ирска во последните 40 години, вели Си-Ен-Ен, пренесувајќи дека папата и натаму е омилен меѓу Ирците, иако минатата недела беше објавен извештај за неколку децениската педофилија и заташкувања меѓу католичкото свештенство.

Се очекува на мисата на папата да присуствуваат десетици илјади луѓе.

Сепак, Франциско ќе го пречекаат и протести, а еден, наречен „Заземи став за вистината”, ќе се одржи истовремено со мисата, јавува Си-Ен-Ен.

За време на дводневната посета, папата ќе се состане со ирскиот претседател Мајкл Хигинс и премиерот Лав Варадкар.

Би можело да ве интересира

Англија ја совлада Ирска

Хеликоптер удри во зграда во ирско село: Има голем број на жртви

Горан Наумовски

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

Норвешка и Ирска ќе ја признаат Палестина

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски