Папата Франциско денеска вети дека Католичката црква никогаш повеќе нема да ги прикрива сексуалните злосторства и побара од свештениците, кои силувале и малтретирале деца, сами да се пријават.
Папата го посвети божиќниот говор во Ватикан на злоставувањата, откако сите докази оваа година предизвикаа недоверба во Католичката црква.
Тој призна дека црквата во минатото не се занимавала сериозно со тој проблем, но вети дека никогаш повеќе нема да ги прикрива или отфрла таквите случаи и оти ќе вложи голем труд за да стори сé што е потребно и да ги доведе педофилите пред лицето на правдата.
Папата ги повика жртвите да истапат и испрати силно предупредување до силувачите да и се предадат на човековата правда и да се подготват за божествената правда.