Папата ја критикуваше Русија: Мариупол е варварски бомбардиран

Од:

Папата Франциско денеска го повтори повикот за воспоставување хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од украинскиот град Мариупол, кој, како што рече, беше „варварски бомбардиран и уништен“.

„Моите мисли се со украинскиот град Мариупол, градот што е варварски бомбардиран и уништен. Го повторувам повикот да се отворат обезбедени хуманитарни коридори“, нагласи папата за време на неделната молитва во Ватикан.

Од Мариупол, кој беше речиси целосно уништен по неколкунеделна опсада, првата група цивили вчера излезе од челичарницата Азовстал, последното упориште на украинскиот отпор во тој град.

Според украинскиот баталјон Азов, евакуирани се дваесетина цивили, што е прва успешна евакуација по неуспешните претходни обиди. Од друга страна, руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека две групи цивили од 25 и 21 лице успеале да го напуштат Азовстал, каде стотици украински војници и цивили биле засолнети во подземните премини кон Киев.

Зборувајќи за војната во Украина, Папата ја осуди „мрачната регресија на човештвото“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива