Папата Франциско денеска во Мјанмар повика да се почитуваат сите етнички групи, но не ги спомена посебно припадниците на муслиманската заедница Рохинџи, и покрај тоа што организациите за заштита на човековите права побараа да покаже поддршка за заедницата.
Од друга страна, како што тврди Би-Би-Си, Католичката црква во Мјанмар му рекла на папата дека употребата на поимот би можела да претставува тешкотии за католиците.
Би-Би-Си, сепак оценува дека говорот на папата, кој е во четиридневна посета на Мјанмар, бил силна одбрана на правата на етничките групи, иако не се осврна директно на Рохинџите.