Папата Франциско, кој е познат љубител на фудбал и навивач на Сан Лоренцо од родната Аргентина, денеска се пошегува со припадниците на швајцарската гарда.
Повод за шегата е денешниот фудбалски натпревар меѓу Аргентина и Швајцарија во осмина финалето на Мундијалот.
– Вечерва ќе има војна меѓу нас, им порачал папата на припадниците на швајцарската гарда.
Како што соопшти Ватикан, припадниците на швајцарската гарда го поканиле папата Франциско заедно да го гледаат натпреварот, но тој одбил.