Папата Франциско денеска ги повика кардиналите на прва рунда разговори за реформирање на Католичката црква.
Состанокот на папата со „Групата осум“ кардинали ќе се одржи во текот на неделата зад затворени врати.
Се претпоставува дека една од основните точки на дневниот ред ќе биде промената на ватиканската бирократија односно застарената администрација.