Папата Франсис револтиран поради луксузен стан на кардинал

Од:

Одлуката на поранешниот државен секретар на Ватикан, Тарчизио Бертоне да се пресели во луксузен апартман во центарот на Рим, предизвика револт кај Римокатоличкиот поглавар, папа Франсис кој пропагира скромен живот.

Седумдесет и деветгодишниот кардинал Бертоне, кој до заминувањето во пензија важеше за најстаро официјално лице на Ватикан, ќе живее на врвот од палатата „Сан Карло“.

bertoneОд балконот кој има површина од 100 квадратни метри, ќе има поглед на целиот град, а фотографиите кои што се објавени во списанието „Чи“ велат дека станот е опремен со скапоцен мебел.

Бертоне кој е во пензија од октомври минатата година, признава дека неговата нова резиденција е навистина пространа, но тврди дека е за половина помала од 700 квадратни метри кои се споменуваат во медиумите.

-Потполно е вообичаено становите во старите ватикански згради да бидат големи. Новиот дом го реновирав со сопствени средства и во него планирам да живеам само привремено. Потоа ќе го препуштам на користење на некој друг- рече кардиналот.

Инаку дури и кога навистина станот на Бертоне е помал за 350 квадратни метри, тој сепак би бил пет пати поголем од собата во која живее папа Франсис.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше