Папата Франсис прими хомосексуалци и лезбејки

Од:

Во Ватикан вчера се случи преседан, откако група американски католици хомосексуалци и лезбејки, со сите почести беа примени кај поглаварот на Римокатоличката црква, папа Франсис.

И покрај тоа што се сместени во делот кој што е резервиран за ВИП гости, на листата за покани на Ватикан скромно се наведени како „група лици во придружба на чесни сестри“, а не како претстсвници на организацијата „New Ways Ministry”.

Како што пренесе „Асошиејтед прес„ тие не биле ни гласно најавени, како што е обичај, кога свештеникот ги читал имињата на гостите, едноставно го прескокнал името на нивната организација, а не ги споменал ниту папата.

– Ова е знак за промена под влијание на папа Франсис – изјави сестра Џенин Гремик, која што е сооснивач на организацијата, која ги организира католиците хомосексуалци и која се бори за заштита на правата на ЛГБТ популацијата.

-Папа Франсис ми дава надеж. Ова покажува дека има можност да ги прими назад во средиштето на црквата оние кои се наоѓаат на нејзиниот раб- изјави таа за „Асошиејтед прес“.

Инаку неколку месеци по изборот, папа Франсис рече дека не може да им суди на хомосексуалците кои имаат добра волја и кои го бараат Господ.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше