Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франсис оцени дека улогата на жената во црквата навистина помага, но не и таа да биде роб и дека тој жали поради таквата состојба.
-Патам, кога ќе видам дека црквата и нејзините организации во кои улогата на жената се претвораат во робување-изјави папата.
Тој додаде дека му се допаѓа мислењето дека црквата не е само машка, туку и женска.
-Црквата е жена, мајка и тоа е убаво, размислете за тоа-нагласи Франсис на собирот на кој што имаше околу 150 верници.
Собирот се одржа на 25-годишнината од публикацијата на „Енциклика“ на папата Јован Павле Втори, во која пишува за улогата на жените во црквата.
Оценувајќи дека тој текст претставува историски документ и е прв говор на папата посветен на жените, Франсис наведе дека бројни работи може да се променат и дека истите влијаат врз културниот и општествениот развој, но дека „жената е таа која што на свет ги носи и мажите и жените“.
Елена Георгиевска