Папата Франциско: Убивањето во име на Бога е сатанистичко

Од:

Папата Франциско, за време на мисата во чест на францускиот свештеник Жак Амел (убиен во јули од џихадисти), одржана во Ватикан, неколкупати повтори дека убивањето во име на Бога е сатанистичко.

– Колку би било убаво сите деноминации да застанат на ставот – дека убивањето во името Божјо е сатанистичко, рече поглаварот на Римокатоличката црква во присуство на околу 80 верници од епархијата на отец Амел во Руан, северозападна Франција.

Фотографија од убиениот отец Амел беше истакната на олтарот за време на службата во современиот параклис во храмот „Св. Марта”, каде што папата секое утро ја држи својата миса.

– Денес во Црквата има повеќе христијански маченици, отколку во првите векови. Денес страдаат христијани, ги трујат, ги измачуваат, ги убиваат, само зашто не се одрекуваат од Исус Христос. Таа бруталност во принудувањето на вероотстапништво, е сатанистичка, нагласи папата.

– Францускиот свештеник е маченик, а мачениците се блажени (блиски до Бог по смртта). Треба да се молиме за него, за да ни даде на сите нас братство, мир и смелост да ја кажеме вистината: убивањето во име на Бога е сатанско, повтори тој уште еднаш.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше