Папата Франциско се изјасни против либерализацијата на употребата на наркотици и ги повика латиноамериканските нации да се зафатат „со коренот на проблемот – шверцот на наркотици“.
– Либерализацијата на употребата на наркотици, која се разгледува на различни места во Латинска Америка, не е тоа што ќе овозможи да се намали ширењето и влијанието на хемиската зависност, изјави папата при посетата на католичкиот медицински центар во Рио де Жанеиро, специјализиран за лекување наркозависници.
Според папата Франциско, „неопходно е да се бориме со проблемите, кои се во основа на употребата на наркотици, поттикнувајќи поголема праведност и обука на младите за вредностите кои се градат во животот“.
Бразил, Гватемала, Уругвај, Мексико и Колумбија се залагаат за легализирање на марихуаната.