Папата Франциско прифати оставки на двајца бискупи од Чиле поради сексуално малтретирање

Од:

Папата Франциско денеска ги прифати оставките на двајца бискупи од Чиле, каде исто така се истражуваат случаи на сексуално малтретирање на малолетници.

Се работи за бискупот Карлос Едуардо Пелегрин Барера и бискупот Кристијан Енрике Контрерас Молина. Двајцата се обвинети за сексуално малтретирање извршено пред повеќе децении. Досега Франциско, кој е првиот јужноамерикански папа, прифати оставки на вкупно седум бискупи од Чиле.

Католичката црква на повеќе континенти е зафатена од сексуални скандали, во кои дел од кардиналите го обвинија и папата Франциско дека знаел за малтретирањето, но не сторил ништо да ги спречи извршителите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зеленски се сретна со папата

Ана Ололовска

Папата Франциск: Украина треба да се откаже од офанзиватa

Франциско, Фрањо, Франциск… Медиумите му дадоа три имиња на папата

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Папа Франциск: Треба да изградиме култура во која мирот ќе биде фундаментално право

Татјана Ташкова

Папата Франциск во посета на католичката заедница во Раковски

Католичката црква во Бугарија на папата ќе му подари копија од иконата на Света Богородица од Несебар

Татјана Ташкова