Нациите да го поддржат дијалогот со цел да се намалат тензиите на Корејскиот полуостров и да се работи на право-обврзувачка забрана на нуклеарното оружје, повика Папата Франциско во обраќањето познато како „Состојба во светот“.
– Нуклеарното оружје мора да биде забрането, изјави поглаварот на Римокатоличката црква, цитирајќи документ објавен од папата Јован Дваесет и трети за време на Студената војна.
Тој потенцираше дека не може да се негира дека пожарот може да почне случајно или во непредвидливи услови.
Овој апел Папата го испраќа еден ден пред разговорите меѓу Северна и Јужна Кореја, кои ќе бидат насочени за учество на севернокорејските спортиски на Зимските олимписки игри, кои се одржуваат во Јужна Кореја.
Тој смета дека треба и да се зачува статус квото на Ерусалим, а ги повика државите да го почитуваат Парискиот договор за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.