Папата Франциско побара членство на балканските држави во ЕУ

Од:

Свеста за нечиј сопствен идентитет е исто така неопходно за влез во позитивен дијалог со државите кои побараа да станат дел од ЕУ во иднина. Мислам посебно на тие на Балканот за кои членството во Унијата може да биде одговор на нивната желбата за мир во регионот што во минатото многу патеше од минатите судири.

Ова е пораката што предмалку во неговиот говор пред Европскиот парламент во Стразбур го истакна поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциско. Повикувајќи ги европратениците да овозможат прием на останатите земји од Балканот во ЕУ, Папата посочи дека „свеста за нечиј сопствен иднетитет е исто така потребна за односите со други соседните земји, посебно на оние кои граничат со Средеземното море, од кои многу патат од интерни судири, притисоци на верски фундаментализам и реалноста од глобалнио тероризам“.

Во својот 15-минутен говор пред европскиот законодавен дом, Папата Франциско говореше за мигрантите и потонатите бродови со бегалци од африканскиот континент. Притоа, тој посочи дека Европа ќе може да се соочи со проблемот со имиграцијата, само ако може да усвои фер, храбра и реална политика, која ќе им помогне на земјите во сопствениот специјален и политички развој.

– Европа стана баба и не е веќе плодна и жива! – порача Папата Франциск пред Европарламентот во Стразбур. 

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он