Папата Франциско: Нулта толеранција кон злоставувачите на деца

Од:

Папата Франциско предупреди дека „нема привилегии“ за бискупите кога е во прашање сексуалното злоставување на деца, и најави дека во почетокот на јуни ќе одржи прв состанок со една група жртви на злоставување.

Истакнувајќи дека нема да покаже толеранција кон било кој во Католичката црква кој ги злоставувал децата, вклучувајќи ги и бискупите, папата рече дека сексуалното злоставување на деца е ужасно злосторство, и го спореди со „сатанска миса“.

Враќајќи се од посета на Блискиот Исток, папата на новинарите им рече дека следната недела во Ватикан со жртвите на злоставувањето ќе одржи специјална миса.

– Тројца бискупи се под истрага. Еден од нив веќе е осуден. Нема привилегии. Свештениците кои тоа го прават го издаваат Бога, рече папата.

Ватикан пред три недели првпат објави комплетна статистика за тоа како се казнувани свештениците обвинети за силување и друго сексуално злоставување на деца, наведувајќи дека во последните десет години 848 свештеници се расчинети, а 2.572 добиле помали казни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше