Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, упати топли поздрави до раководството и до народот на Обединетите Арапски Емирати пред својата посета на таа држава во февруари.
Во видео-пораката, која ја објави Ватикан, папата рече дека ОАЕ е земја, која ги почитува различностите и во која голем број луѓе наоѓаат сигурно и спокојно место за слободен живот и работа.
Порача дека се радува на средбата со луѓето, кои го живеат својот момент во сегашноста, а се радуваат на иднината.
Цитирајќи го починатиот шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан, основач на ОАЕ, папата рече: „Вистинското богатство не лежи само во материјални работи. Вистинското богатство на една нација го сочинуваат поединци кои имаат слух за иднината, која е пред нив “.
Папата се заблагодари на шеикот Мухамеду бин Зејад Ал Нахјану, крунисан принц на Абу Даби и заменик на врховниот командант на вооружените сили на повикот да учествува во дијалогот на религиите наречен „Братство меѓу луѓето”.
– Верата ни поврзува дури и кога сме соочени со разлики. Тоа нè држи подалеку од непријателство и рамнодушноста. Среќен сум што Бог ми ја даде оваа можност, која ќе создаде ново поглавје во историјата на меѓуверските односи, наведе папата.
Тој пораката ја заврши со зборовите: Се радувам на средбата со семејството Зајед во нивниот дом, дом на просперитет и мир, дом на соживот и соработка.