Бенет во неочекувана посета на ОАЕ

Од:

Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска неочекувано ги посети Обединетите Арапски Емирати, јави ДПА.

Бенет се сретна со министерот за надворешни работи, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, а предвидено е да има средба и со новиот претседател на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, за да разговараат за неколку регионални прашања, информираа од неговиот кабинет.

Минатиот месец, шеикот Мохамед го наследи неговиот покоен полубрат, шеикот Калифа бин Зајед Ал Нахјан.

– Денеска, заедно, ќе ја подигнеме посебната врска што е вткаена меѓу нашите земји на следното ниво – за раст и безбедност на двата наши народи, изјави Бенет пред да отпатува.

Во 2020 година, ОАЕ и Бахреин станаа првите земји од Заливот што потпишаа договор за воспоставување дипломатски односи со Израел. За ова се залагаше и Мохамед бин Зајед.

Првенствено, тоа е насочено против шиитскиот Иран, што ОАЕ го гледаат како главен непријател, иако и економските интереси играат улога.

Дотогаш, само две арапски држави одржуваа дипломатски односи со Израел – Египет и Јордан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци