Папата Франциско изјави дека дури и најлошите грешници имаат шанса да одат во рајот, вклучувајќи го и човекот што го предаде Исус Христос.
– Никој од нас не може да каже дека некој не отишол во рајот. Тоа не може да се каже дури ни за Јуда, истакна Папата.
Папата Франциско тоа го кажал на 4 февруари на приватна аудиенција за деца од романски дом за деца без родители, а Ватикан денес ги објави транскриптите.
Тој е критикуван од страна на традиционалистичките католички кругови, кои сметаат дека има благ пристап према луѓето кои ги прекршуваат католичките учења.