Папата Франциско ќе предводи прва прослава по повод Велигден

Од:

Папата Франциско ќе предводи денеска прва прослава по повод Велигден, а се очекува десетици илјади верници да присуствуваат на Велигденската миса на плоштадот Свети Петар.

Од истиот балкон од каде за првпат се појави пред верниците откако беше избран за поглавар на Римокатоличката црква овој месец, папата ќе упати благослов Urbi et Orbi за Рим и за светот.

Папата синоќа во базиликата Свети Петар се обрати до верниците и католиците кои се оддалечиле од верата, апелирајќи до нив „да се приближат до Бога“.

– Тој ќе ве пречека со раширени раце, изјави 76-годишниот папа, поранешен надбискуп на Буенос Аирес кој ја повика Римокатоличката црква да се приближи до обичните и сиромашни луѓе.

– Не ги затворајте срцата. Немојте да губите доверба и да се предавате – нема ситуација која Бог не може да ја промени, порача папата до верниците на мисата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство