Папата Франциско е првиот католички поглавар кој ја посетил англиканската парохија во Рим, користејќи ја историската прилика да влијае за поголема блискост, по повеќевековната недоверба, предрасуди и непријателство меѓу двете цркви.
Папата и англиканскиот бискуп во Европа Роберт Инес се молеле вчера еден покрај друг во црквата Сите свети, што се наоѓа во близина на Шпанскиот плоштад во центарот на Рим.
Инес го поздрави папата и солидарноста што ја покажува кон бегалците и мигрантите.
Папата во неговиот говор истакна дека англиканците и католиците имаат долгогодишен „поглед едни кон други полн со сомневања и непријателство“ и дека постоела повеќевековна недоверба.
– Со тек на време, напредокот на нашиот пат кон целосно заедништво може да изгледа спор и несигурен, но денес можеме да бидеме охрабрени со овој наш собир, нагласи папата Франциско.
Англиканската црква се одвоила од католичката во 16 век, откако на англискиот крал Хенри Осми не му било дозволено понитување на брак.