Папата Франциско го осуди ширењето на порнографија на интернет

Од:

Папата Франциско го осуди ширењето на порнографија преку интернет, вклучувајќи и детска порнографија и побара подобра онлајн заштита за децата.

Ватикан во моментов се соочува со сопствена истрага за детска порнографија во која се вклучени и високи дипломатски лица од Ватикан.

Папата Франциско на меѓународната конференција за борба против детската порнографија и заштита на децата во дигиталното доба, која е поддржана од католичката црква, се сретна со учесниците и во потполност ги поддржа нивните предлози за поостри казни против тие кои злоставуваат и ги искористуваат децата на интернет.

Тој го поддржал унапредувањето на технолошките филтри за помош младите луѓе да бидат спречени да пристапуваат до онлајн порнографски содржини.

Како што наведува агенцијата АП, папата рекол дека католичката црква знае дека прави тешка грешка со обидите за прикривање на проблемите за сексуално злоставување, што се однесува на долгата историја на силување и злоставување на деца од страна на свештеници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зеленски се сретна со папата

Ана Ололовска

Папата Франциск: Украина треба да се откаже од офанзиватa

Франциско, Фрањо, Франциск… Медиумите му дадоа три имиња на папата

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Папа Франциск: Треба да изградиме култура во која мирот ќе биде фундаментално право

Татјана Ташкова

Папата Франциск во посета на католичката заедница во Раковски

Католичката црква во Бугарија на папата ќе му подари копија од иконата на Света Богородица од Несебар

Татјана Ташкова