Папата Франциск ги повика земјите да не ги враќаат мигрантите од Либија

Од:

Папата Франциск денеска ги повика државите да не ги враќаат мигрантите од небезбедните земји, како што е Либија, каде, според него, многу луѓе се злоупотребуваат и живеат во нехумани услови, слични на оние во концентрационите логори.

Папата го упати овој апел за време на неговата традиционална неделна молитва во момент кога лидерите на Европската унија се обидуваат да ги надминат разликите во начинот на справување со приливот на мигранти, прашање кое ја зголеми поддршката за националистичките и популистичките групи во Унијата.

– Треба да ставиме крај на враќањето на мигрантите во земји кои не се безбедни, рече папата, давајќи ги како пример „илјадници мигранти, бегалци и други луѓе на кои им е потребна заштита во Либија“.

Поглаварот на Римокатоличката црква повика дека „мора да се даде приоритет на спасувањето на мигрантите на море, нивното организирано пристигнување на копно, алтернативите за нивно испраќање в затвор и договорените процедури за имиграција и добивање азил“. Тој побара од меѓународната заедница „да ги исполни своите ветувања“ и да најде трајни решенија за миграциските бранови.

– Многу од овие мажи, жени и деца (во Либија) се предмет на нехумано насилство. Колку страдаат оние кои се вратени назад! Таму има вистински кампови. Никогаш не ве заборавам. Ги слушам вашите лелекања, истакна папата Франциск.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Изненадувачки потег на папата – се појави на молитва

А1он

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски

Папата Франциск повторно на респиратор, лекарите загрижени, верниците во солзи

А1он

Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна

А1он

Папата Франциск се опоравува

А1он