Папата Бенедикт Шеснаесетти призна дека лажел во истрагата за педофилија во католичката црква

Од:

Почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти призна дека дал лажна изјава за време на истрагата за сексуална злоставување во Германската католичка црква, во изјава објавена преку неговиот приватен секретар Георг Гансвајн и објавена на веб-страницата на Ватикан Њуз.

Спротивно на она што тој првично го кажа, Бенедикт учествувал на состанок во 1980 година како надбискуп на Минхен и Фрајзинг, на кој се разговарало за свештеник кој постојано привлекувал внимание за сексуална злоупотреба на деца, јави ДПА.

Тој свештеник подоцна бил вратен како пастор во Баварија.

Грешката „не е направена со лоша намера“, туку е „резултат на превид во уредувањето на неговата изјава“, се вели во соопштението од кабинетот на Јозеф Рацингер, роденото име на пензионираниот папа.

Тој рече дека му е „многу жал“ за грешката и изрази надеж дека може да му се прости, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Починатиот гејмер станува светец

Предраг Петровиќ

Во Илиноис, околу 450 свештеници злоставувале повеќе од 1900 деца

Ана Ололовска

Повеќе од 150 католички свештеници сексуално злоставувале повеќе од 600 деца

Во Католичката црква во Италија повеќе од 600 случаи на злоупотреба на малолетници

Француски кардинал признал дека пред 35 години силувал 14-годишно девојче

Горан Наумовски

Тужба против папата Бенедикт поради свештеник педофил

Ана Ололовска