Римокатоличкиот поглавар папа Франсис по повод одбележувањето на Светскиот ден на водата, рече дека светот треба да се потруди резервите вода да бидат заштитени и достапни на сите.
Тој пред присутните верници на плоштадот Свети Петар во Рим водата ја нарече „најесенцијален елемент за живот“, истакнувајќи при тоа дека „иднината на човештвото зависи од нашата способнист да се грижиме за водата и да ја делиме со другите“.
Инаку папа Франсис има намера своите ставови за животната средина наскоро да ги изнесе во ватиканскиот документ кој што е резервиран за важни прашања.
Е.Г.