Папата Франциско, чии родители емигрирале од Италија во Аргентина, денеска во своето редовно обраќање на плоштадот Свети Петар ги повика луѓето од целиот свет да ги прифатат мигрантите со ширум отворени раце.
– Со отворени раце… токму така треба да им се пружи добредојде, истакна папата.
Изјавата доаѓа по повод двегодишната кампања „Споделете патување“, која католичката хуманитарна организација „Каритас“ ја започна денеска. Со кампањата се охрабруваат луѓето да се сретнат со мигрантите и да ги слушнат нивните приказни наместо да ги доживуваат како бројки и обична статистика, често проследени со негативни стереотипи.